Првиот провизорен календар за трките од МотоГП шампионатот утрово беше објавен од страна на Лорис Капироси, еден ден пред тој официјално да биде објавен од ФИМ.
Првиот провизорен календар за трките од МотоГП шампионатот утрово беше објавен од страна на Лорис Капироси, еден ден пред тој официјално да биде објавен од ФИМ. Утре на прес конференцијата се очекува надлежните само да го потврдат календарот кој денеска се појави на ѕидот на Лорис Капироси. Во него работите се горе-доле слични на годинешниот календар, со неколку промени во стартните трки, и прашања кои остануваат да се решат. Шампионатот би започнал на 31ви Март со ноќната трка во Катар, а бидејќи Есторил повеќе нема да се вози, трките се селат на Американско копно. Двете следни трки, онаа во Аргентина и онаа во Тексас треба да бидат потврдени. Проблемот со трката во Аргентина е од политички причини, тамошните власти имаат проблем со Шпанската влада заради присилната национализација на фабриката Репсол, па оттука неизвесно е дали ќе се одржи трката. Втората трка која чека одобрување е онаа во Тексас, таму се води правна борба околу сопственоста на патеката помеѓу легендарниот Кевин Шванц и градителот на патеката, но веројатно е дека во секој случај ќе следиме трка на „Circuit of the Americas“.
Во продолжение и провизорниот календар за 2013та:
Датум | Гранд При | Патека |
31 Март | Катар* | Losail, Qatar |
14 Април | ДСП | ДСП (Argentina) |
21 Април | ДСП | ДСП (Austin, Texas) |
5 Мај | Шпанија (ЗОД) | Jerez |
19 Мај | Франција | Le Mans |
2 Јуни | Италија | Mugello |
16 Јуни | Каталуња | Barcelona |
29 Јуни | Холандија** | Assen |
14 Јули | Германија | Sachsenring |
21 Јули | САД*** | Laguna Seca |
18 Август | Индианаполис | Indianapolis |
25 Август | Чешка Република | Brno |
01 Септември | Велика Британија | Silverstone |
15 Септември | Сан Марино | Misano Marco Simoncelli |
29 Септември | Арагон | Motorland Aragon |
13 Октомври | Малезија | Sepang |
20 Октомври | Австралија | Phillip Island |
27 Октомври | Јапонија | Motegi |
10 Ноември | Валенсија | Ricardo Tormo Valencia |
* Вечерна трка
** Трка во Сабота
*** Само МотоГП класа
ДСП - Да се потврди
ЗОД - Зависност од договорот