Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Ducati потврди дека Андреа Довициозо ќе остане дел од нивниот тим и во следните две години. Со ова завршија шпекулациите дека Италијанецот не е задоволен од првичната понуда за продолжување на договорот и ќе остане дел од тимот, чие што седиште е во Болоња, најмалку до крајот на 2020 година.

dovi pobeda

Постоеја гласини дека вицешампионот од минатата сезона е незадоволен од финансиската понуда. Но, откако беше потпишан договорот меѓу двете страни за време на трката во Ле Ман која се оддржа изминатиот викенд, се чини дека разликите меѓу двете страни се надминати.

Во моментов сѐ уште не е познато кој ќе биде неговиот тимски колега. Засега најголеми шанси му се даваат на Џек Милер. Актуелниот возач, Хорхе Лоренцо, има големи шанси да премине во тимот на Suzuki додека пак се чини дека Андреа Ианоне ќе се врати во Pramac сателитскиот тим.

Back To Top