Веќе зборувавме дека MotoGP шампионатот следната сезона ќе има нов тим кој ќе дојде на местото на Angel Nieto Ducati. Ваквата информација доби потврда откако беше соопштено дека го продале своето место на патеката започнувајќи од сезоната 2019.

Од тимот ја потврдија информацијата но потврдија дека сепак во иднина сопственикот на тимот, ќе остане вклучен во целиот процес. Angel Nieto Racing и Sepang International Circuit склучија договор според кој, почнувајќи од сезоната 2019, SIC ќе ги земе двете места на патеката, а во исто време Хорхе Мартинез Аспар ќе продолжи да извршува одредени функции во новиот MotoGP тим.

 ds56011 0.big

Ова ги отвора можностите за новиот сателитски тим на Yamaha кој ќе биде управуван од страна на Сепанг, а ќе има финансиска поддрша од нафтената компанија Petronas. Се верува дека нов возач на тимот ќе биде Франко Морбидели кој ќе премине од  Marc VDS Honda, екипа која во моментов се соочува со проблеми.

Засега се уште нема никакви најави за тоа кој би можел да биде втор возач во тимот. Веќе некое време се зборува дека тоа би можело да биде Дани Педроса. Сепак, со оглед на тоа дека во следните денови треба да се одджри пресконференција од страна на Педроса, се верува дека сепак тој ќе ја соопшти одлуката дека се повлекува од трките.

Сето ова би можело да значи дека во игра останува Бредли Смит кој заедно со Алваро Баутиста се сметаат за најголеми фаворити за да го пополнат испразнатото место во тимот.

Yamaha потврди дека тимот во следните три сезони ќе настапува со М1 машина. Сепак, не се знае какви спецификации ќе има.

Back To Top