Новиот возач на Ducati, Хорхе Лоренцо, смета дека недостатокот на искуство беше главната причина за лошиот деби настап за Италијанскиот тим.

Новиот возач на Ducati, Хорхе Лоренцо, смета дека недостатокот на искуство беше главната причина за лошиот деби настап за Италијанскиот тим.

После девет сезони во тимот на Yamaha, Шпанецот ја помина целата зима обидувајќи се да го прилагоди стилот на возење на новата машина. Сепак Лоренцо смета дека и покрај целиот тој период, се уште го чека многу работа за да може да постигнува добри резултати како тимскиот колега Андреа Довициозо.

Lorenzo

„Секако дека беше разочарувачки. Не го очекував тоа. Андреа ја почна трката неколку места пред мене и не направи никаква грешка. Тој има и многу поголемо искуство од мене особено со постари пневматици. Тој сега вози многу подобро, ја користи задната сопирачка при вртење, но кога јас го правам истото губам од перформансите.“

„Се уште треба да променам многу работи во однос на моето возење но мислам дека сме многу подобри од она што го покажавме на патеката во Катар. Се обидов да го направам најдоброто но не успеав во тоа поради неколку грешки.“

Сепак дваесет и девет годишниот возач вели дека има една позитивна работа, а тоа е потврдата која ја добил преку настапот на неговиот тимски колега.

„Андреа е паметен човек, остана фокусиран и не направи грешки во текот на една многу тешка трка. Го извади максимумот од мотоциклот. Ме изненади што се бореше за победа со Вињалес бидејќи тој беше фаворит.“

Back To Top