Џек Милер ќе го напушти тимот на Honda и во 2018 година ќе му се приклучи на Данило Петручи во тимот на Pramac Ducati

Џек Милер ќе го напушти тимот на Honda и во 2018 година ќе му се приклучи на Данило Петручи во тимот на Pramac Ducati, објави денеска MCN.com. Во последните неколку недели постојано се шпекулираше со оваа информација, а се чини дека Австралиецот дал зелено светло за премин во Pramac веднаш по завршувањето на трката во Германија.

Милер настапува за Honda откако премина директно од Moto3 класата во 2014 година. Најпрво настапуваше со RCV1000, а потоа и со тимот на Marc VDS.

И покрај подобрувањата кои ги имаше Honda RC213V, Милер се уште се соочуваше со проблеми. Бидејќи неговиот агресивен стил на возење не одговараше со карактеристиките на мотоциклот, 22 годишниот возач доби примамлива понуда од шефот на Pramac, Франческо Гуидоти и одлучи да вози за нив следната сезона.

Back To Top