Возачот на Marc VDS Honda, Џек Милер, ќе ја пропушти следната трка од MotoGP шампионатот која ќе се вози во Мотеги. Тој мораше да замине на операција откако ја скрши ногата за време на тренингот на тимот кој се оддржа во Андора.

Австралиецот ја скрши десната нога во пад кој беше многу сличен со оној на Валентино Роси пред еден месец. Но, откако Роси се врати на патеката после само три недели, Милер вели дека и тој ќе биде подготвен за неговата домашна трка која ќе се оддржи за три недели.

 gh36688

„Очигледно е дека сум разочаран и фрустриран што ќе ја пропуштам трката во Јапонија. Вежбавме на тренингот кога ја спуштив ногата долу. Во тој момент ја загубив тракцијата на предното тркало. Девет од десет пати во таков случај немаше да се случи ништо сериозно но се чини дека сум ја закачил ногата на нешто и тоа е причината поради која се скрши.“

„Коската ми е зацврстена со плочка и штрафови и веќе можам помалку да ја движам, но сигурно нема да бидам подготвен за трката во Мотеги. Но сепак, решен сум да се вратам на Филип Ајленд и ќе работам напорно со физиотерапевтот.“

Тимскиот шеф Мајкл Бартоломју вели дека годините се на страна на Милер.

„Џек навистина немаше среќа што заврши со таква скршеница по еден таков, навидум, безопасен инцидент. Исто така навистина беше лош и моментот кога се случи тоа бидејќи во следните три викенди не очекуваат три трки. Но Џек е решен да ја пропушти само трката во Мотеги. Целта му е да се врати за време на неговата домашна трка, а и моменталната прогноза изгледа добро. Сега ќе работи заедно со физиотерапевтот и заедно со другите доктори ќе одлучиме дали е подготвен да се врати за време на трката која ќе се вози на Филип Ајленд.“

Back To Top