MotoGP светскиот шампион Марк Маркез има за цел да освои место на подиумот на првата трка од новиот шампионат

Марк Маркез признава дека патеката во Лосаил не одговара идеално на неговиот мотоцикл но сепак актуелниот светски шампион вели дека има за цел да освои минумум место на подиумот.

markez katar

На неодамнешниот три дневен тест во Катар, Маркез го имаше единаесетото најдобро време. Сепак тој верува дека RC213V се наоѓа на ниво кое ќе му овозможи да се бори за победа.

„Првата трка од сезоната секогаш е посебна бидејќи сте малку понервозен од вообичаено. Трката во Катар е исто така една од посебните трки на календарот, а една од главните работи кои треба да се земат во предвид е песокот кој може да ја направи површината многу лизгава.“

„Има три места на кои посилно треба да се притисне сопирачката и тука ви треба поголема стабилност на предното тркало. Можеби не одговара многу на мојот стил на возење но сепак ми се допаѓа и напорно работевме за време на претсезоната.“

„Од технички аспект, овој шампионат го почнуваме подобро отколку минатиот. Иако тоа не значи дека нашите резултати ќе бидат подобри мислам дека нашата машина се наоѓа на ниво кое ќе ни овозможи да се бориме за титулата.“

Маркез последната побета на патеката во Катар ја оствари во 2014 година, а на подиумот се најде и во 2013 и 2016 година.

Back To Top