Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Иако нема победено од трката во Германија која се оддржа во Јули, неколкуте места на подиумот му овозможија удобна предност од 67 поени на врвот на табелата. Маркез имаше среќа да се најде на второто место на трката која се оддржа во неделата и вели дека чуството кое му го дава борбата за титулата ја надополнува загубата од тоа што не успева да се искачи на првото место на подиумот.

markez misano

„Среќни сме што освоивме место на подиумот бидејќи знаевме дека на оваа трка Ducati ќе биде многу брз. На крајот тоа и се покажа како точно. За разлика од нас тие тестираа на оваа патека. Но ние се боревме до самиот крај. Но и без да победам, сепак ја зголемувам разликата на табелата и тоа е она што е важно на крај.“

Иако нема победа од трката во Германија, сето тоа би можело да се промени овој викенд бидејќи Шпанецот заминува на патека на која во последните неколку години едноставно е непобедлив.

„Арагон е една од моите омилени трки во календарот. Патека на која вообичаено се чувствувам многу добро. Со нетрпение чекам да почне трката пред мојата домашна публика. Оваа година трката ќе биде посебна бидејќи еден свиок е именуван по мене. Навистина сум возбуден поради тоа. Минатата година на оваа трка бевме изедначени по бројот на поени но оваа година е поинаку.“

„Но тоа не значи дека се е завршено. Мораме да продолжиме да работиме напорно бидејќи гледаме дека Ducati е навистина брз и имаат напредок на секоја трка. Мораме да најдеме нешто кое ќе ни помогне да се бориме против нив. Во Арагон ќе се обидеме да бидеме компетитивни уште од самиот почеток. Ќе се обидеме да најдеме добра основа и добро да се подготвиме уште на почеток на викендот.“

Back To Top