Откако Honda RC213V 2017 конечно почна да се покажува во вистинското светло, не треба да се изненадите доколку забележите дека Марк Маркез во следните трки постигнува значително подобри резултати.

Откако Honda RC213V 2017 конечно почна да се покажува во вистинското светло, не треба да се изненадите доколку забележите дека Марк Маркез во следните трки постигнува значително подобри резултати.

Маркез  постигна добар резултат на патеката во Херез, на трката на која смета дека не можел доволно да притисне за да се бори за победа.  24 годишниот возач сепак вели дека има добра можност да се врати на својата победничка стратегија и да постигне сигурни победи на трките каде што ќе може навистина да притисне.

markez spanija

„Се изненадив што се најдов на подиумот бидејќи патеката во Херез не одговара на мојот стил на возење. Цела година се обидував да ја разберам. Но оваа сезона успеав да притиснам малку повеќе. Се обидов да постигнам победа но забележав дека имам проблеми и затоа ја намалив брзината. Видов каде се наоѓаат Роси и Вињалес и си реков, во ред, и второто место е добро.“

Откако ја намали разликата во однос на Валентино Роси на само четири поени, Маркез смета дека ако успее да постигне добар резултат на следните неколку трки, се може да се случи до крајот на сезоната.

„Во моментов напредуваме и мојата цел е да продолжиме така се до трката во Каталуња бидејќи знам дека на овие патеки и не сум баш најдобар. По трката во Аргентина се чинеше дека мотоциклите на Yamaha се непобедливи, но трката во Херез ни покажа дека тоа се промени. Можеби повторно ќе се промени на трката во Ле Ман, но да не заборавиме дека сезоната е долга.“

Back To Top