Петкратниот Светски шампион, Хорхе Лоренцо, го урна рекордот на патеката во Сепанг и го заврши првиот претсезонски MotoGP тест на првото место со предност од речиси две десетинки пред Дани Педроса и Кал Кратчлоу.

Лоренцо, кој го помина рекордот кој го постави Марк Маркез во 2015 година, беше само еден од неколкуте возачи кои поставија лични рекорди за време на три дневните тестови. 

709056

„Времето кое го постигнав е резултат на добриот мотоцикл кој го имам како и чувството кога сум на него. Најважното нешто е дека мотоциклот функционира. Тоа ми дава добро чувство и е навистина важно што се подобрени многу работи во споредба со минатата година. Како што кажав уште првиот ден, мотоциклот е подобрен и повеќе му одговара на мојот стил на возење. Се уште сме на почетокот и се обидуваме да разбереме како функционира мотоциклот. Има простор за напредок но сепак сме задоволни. “

Дани Педроса, кој вчера беше најбрз, денеска се најде на второто место. Кал Кратчлоу беше трети додека пак актуелниот шампион, Марк Маркез, заврши на осмата позиција.

Андреа Довициозо, кој настапи со фабричкиот мотоцикл на Ducati заврши на четвртата позиција. Џек Милер беше петти додека пак дебитантот Алекс Ринс од Suzuki беше шести.

Марк Маркез се најде помеѓу двоецот на Yamaha, Маверик Вињалес и Валентино Роси додека пак Јохан Зарко ги заокружи првите десет возачи.

motogp kombinirani testovi1

Back To Top