Андреа Довициозо и Марк Маркез го делат мислењето за една работа по завршувањето на неделната трка –не е точно дека одредени патеки повеќе им одговараат на некои машини.

Андреа Довициозо и Марк Маркез го делат мислењето за една работа по завршувањето на неделната трка –не е точно дека одредени патеки повеќе им одговараат на некои машини.

687380

Ваквото мислење следува по серија неочекувани резултати кои беа постигнати во текот на сезоната. Маркез победи во Мисано, а Довициозо на патеката во Силверстоун, а тука е и нивниот епски дуел на Red Bull Ring.

Зборувајќи после трката, Маркез вели дека и покрај тоа што е традиционално подобар на одредени патеки, до крајот на сезоната може да се случат уште многу работи.

„Искрено, во Австрија очекував дека ќе бидам најмалку 10 секунди зад Довициозо. И Мисано исто така беше тешка патека. Во Силверстоун пак мислев дека ќе заврши далеку зад нас, а тој победи. На трите трки имавме многу слично време. Но сега знам дека Довициозо е силен на сите патеки, Ducati е силен на сите патеки и ќе биде вистинска борба до самиот крај. “

„Но исто така не смееме да го заборавиме и Вињалес кој заостанува само 16 поени.  Тој има добро темпо дури и на влажни патеки.“

 Слично размислува и Довициозо кој призна дека многу работи можат да се случат до крајот на шампионатот.

„Не им кажуваме на луѓето кои патеки повеќе ни одговараат бидејќи и ние не го знаеме тоа. Секако дека има патеки кои повеќе ги преферирам  но поважно од тоа е како функционира мотоциклот со пневматиците кои ги имаме за тој викенд.“

„Марк потврди дека тој и неговиот тим се навистина брзи на некои патеки, но и ние исто така докажавме дека на некои патеки каде што во минатото не бевме доволно добри, сега ситуацијата е променета. Само се надевам дека ќе има изедначена борба до самиот крај.“

Back To Top