Јохан Зарко за кратко време премина од херој во трагичар во својата прва трка во премиерната класа. Пред да падне, тој беше лидер во првите шест круга.

Јохан Зарко за кратко време премина од херој во трагичар во својата прва трка во премиерната класа. Пред да падне, тој беше лидер во првите шест круга. Возачот на Monster Yamaha Tech 3 имаше одлично темпо откако успеа да се пробие до првото место но поради недостаток од искуство  Францускиот возач излета во седмиот круг.

zarko pad

„И покрај конечниот резултат, задоволен сум. Беше одлично што бев лидер за време на мојата прва трка. Утрото имавме подолго загревање бидејќи претходно немаше никакви активности. Патеката не беше во перфектна состојба но имав добро чувство, а стартната позиција која ја имав беше блиску до врвот. Но пред самиот старт имаше одложување бидејќи два пати заврна. Кога трката конечно започна бев фокусиран и забележав дека не сум далеку од врвот. Успеав да претекнам неколку возачи на првиот свиок и после тоа имав добро темпо. “

„Штета што не ја завршив трката но ние секогаш возиме до лимитот. Нов сум и се уште имам за учење, а ова беше една од лекциите кои морам да ги запомнам. Штета поради резултатот но сепак сум задоволен. Ова беше добро за мојата самодоверба и со нетрпени ја очекувам следната трка.“

Неговиот тимски колега Јонас Фолгер исто така имаше импресивно деби. Иако заврши на десетото место тој сепак освои важни поени.

„Задоволен сум што мојата прва трка во MotoGP ја завршив меѓу најдобрите десет возачи. Условите не беа најдобри на почетокот на трката и тоа ме направи малку нервозен. Сега морам да се фокусирам на следната трка. Знам дека не очекува уште многу работа за да бидеме подготвени за следната трка. Мислам дека имаме добро темпо и сега знаеме каде треба да се подобриме. Со нетрпение го очекувам следниот предизвик.“

Back To Top