MotoGP

MotoGP: Хафиз Сиахрин ќе го замени Фолгер

Малезискиот возач, Хафиз Сиахрин е еден од главните кандидати кои ќе го заменат Германскиот возач Јонас Фолгер во MotoGP тимот на Monster Yamaha Tech 3 за сезоната 2018. Со ова, дваесет и три годишниот возач би можел да стане првиот натпреварувач кој доаѓа од Југо Источна Азија.

Следете нè на:

 

Фолгер кој се уште има здравствени проблеми и кој минатата недела соопшти дека ќе ја пропушти целата сезона, на тестот во Сепанг беше заменет од Јони Хернандез. Но со оглед на тоа дека тој потпиша договор со Pedercini Kawasaki  кои се дел од Супербајк серијата, изгледа дека Колумбиецот имаше само една трка за Француската екипа.

698134

Фактот дека Сиахрин е поддржан од Сепанг и е дел од нивниот развоен проект, би можел многу да ги олесни работите.

Зборувајќи за MCN, шефот на тимот, Ерв Поншарал потврди дека Малезискиот возач се наоѓа на нивниот список со потенцијални замени но сепак изјави дека екипата се уште не ја донела конечната одлука.

„Во моментов, ништо не е одлучено бидејќи некои од моите партнери имаат поинакви приоритети. На оние кои што се од Америка, важни им се едни работи, додека пак на оние од Азија, други.“

„Сиахрин е еден од оние возачи кои досега не беше на листата но сега е. Но верувајте ми, одлуката се уште не е донесена. Навистина сум изморен од целата оваа ситуација. Мораме да преговараме со производителите на мотоцикли и со спонзорите бидејќи кога го склучив договорот, дел од тимот беа Зарко и Фолгер. За секоја промена треба повторно да се преговара. “

И покрај тоа што има само дваесет и три години, Сиахран помина околу 5 години во средната класа откако за прв пат се приклучи на серијата во 2013 година. Најдобар пласман на табелата имаше во 2016 година кога се најде на деветото место, а минатата година два пати и се искачи на подиумот.

comments

Би можело да ве интересира

Поради проблеми со менувачот, компанијата одлучи да повлече 4000 примероци од главниот супербајк модел.

Мото индустријата понекогаш може да биде навистина конфузна. Секој ден читаме дека продажбата се намалува но речиси секоја втора недела пишуваме дека некои од големите производители постигнал успех во продажбата на мотоцикли во 2017 година.

Марк Маркез и Дани Педроса тајно тестираа нова карбонска задна вилушка на нивната RC213V машина на пред сезонските тестови.

Suzuki поднесе неколку патенти за полу автоматска трансмисија која би можела да се најде во следната генерација на Hayabusa моделите.

„Во однос на безбедноста, Cornering ABS на предното тркало го прави она што контролата на тракцијата го прави на задното тркало.“

Џејмс од MCN помина 7000 километри на Metzeler Roadtec 01 пневматиците и еве што имаше да каже за нив.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!