Вицешампионот за сезоната 2017 во MotoGP шампионатот, Андреа Довициозо, вели дека мора да ги согледа позитивните работи како од трката која се возеше во неделата така и од неверојатно успешната сезона за него и за Ducati.

IMGP8246 copy copy copy

Иако не успеа да стигне до титулата, Довициозо вели дека е задоволен од сезоната која беше негова најдобра во премиерната класа.

„Дадов се од себе и мислам дека можеме да бидеме задоволни. Не бевме брзи колку Маркез но се боревме до самиот крај. Притискав уште од самиот старт на трката. Не направив ниту една грешка и се наоѓав на вистинска позиција, но за жал ми беа поделени лоши карти.“

„На почетокот мислев дека можам да го претекнам Хорхе. Имаше некои делови на кои бев побавен но имаше и места каде што бев побрз. Но фактот дека останав зад него ми помогна да возам поубаво. Сите бевме на лимит дури и Маркез кој успеа да се спаси и да не падне. Сакам да му честитам бидејќи возеше фантастично целата сезона.“

„Во секој случај, задоволен сум од тоа како помина оваа сезона и сакам да им се заблагодарам на сите во тимот и на сите оние кои ни даваа поддршка бидејќи оваа сезона беше неверојатна.“

Back To Top