Дени Кент ќе го има вториот настап оваа сезона за Red Bull KTM Ajo

Поради повредата на Николо Антонели се отвори можност Дени Кент оваа недела на трката во Захсенринг да го има својот втор настап за Red Bull KTM Ajo. Антонели не беше во можност да учествува на Moto3 трката во Асен поради повреда на грбот.

kent vozi

„Во моментов, Николо има големи болки во рамото. Ќе мораме да извршиме детални тестови за да видиме дали ќе може да настапи на трката во Захсенринг,“ изјави шефот на тимот,Аки Ајо.

Бидејќи слободниот тест за Германската трка започнува во петок, се верува дека Италијанецот нема да биде подготвен на време и од таа причина е повикан Кент. Откако го напушти Kiefer Moto2 тимот, Кент се врати во Moto3 трките. Со помош на вајлд картата тој заедно со Антонели и Бо Бендснејдер настапи на трката во Ле Ман. Шампионот од 2015 година заврши на десетото место со заостанување од речиси 2 секунди зад второпласираниот Арон Канет. Но бидејќи бројот на вакви настапи е лимитиран, следната можност за Кент да настапи беше кога го замени повредениот Икер Лекуона во тимот на Garage Plus Interwetten за Moto2 трката која се оддржа во Италија.  На квалификациите тој се најде на дванаесетото место но на крајот сепак не успеа  да ја заврши трката.

Во 2015 година Кент успеа да ја освои пол позицијата на трката во Захсенринг.

Back To Top