Откако на трката која се возеше во Сепанг пристигна со предност од 36 поени, третото место кое го освои на трката беше доволно Италијанецот да ја обезбеди титулата.

Франческо Бањаиа е Светски Шампион во Moto2 серијата за сезоната 2018. Во текот на изминатава година, тој успеа да стигне до осум победи, дванаесет места на подиумот и шест пол позиции. Откако на трката која се возеше во Сепанг пристигна со предност од 36 поени, третото место кое го освои на трката беше доволно Италијанецот да ја обезбеди титулата.

Bagnaia

Откако го имаше своето деби во Moto3 серијата во 2013година во тимот на Italia FMI, Бањаиа следната година премина во Sky Racing VR46. Сепак, дури во 2015 година тој за прв пат успеа да се искачи на подиумот. Тоа се случи на трката која се возеше во Ле Ман, а тој настапи за Mahindra.

Откако успеа да се искaчи на подиумот и на трките кои се возеа во Лосаил, Херез и Муџело, Бањаиa конечно успеа да дојде до првата победа на трката која се возеше во Асен. Ова беше и првата победа во серијата за Mahindra. Асен е негова омилена патека, а дури има направено и тетоважа во нејзина чест. Истата сезона Бањаиa успеа да дојде до уште една победа, овој пат на трката во Сепанг,  која пак го искачи на четвртото место на табелата.

На крајот на сезоната, за време на тестовите во Валенсија, Бањаиа за прв пат возеше и еден MotoGP мотоцикл. Тогаш му беше соопштено и дека ако успее да постигне една победа во новата сезона, ќе му биде дозволено да го испроба мотоциклот на Ducati.

Но пред да ја направи промената, Бањаиа го чекаше нов предизвик, овој пат во Moto2 серијата со тимот на Sky Racing VR46. Не помина долг период пред повторно да се искачи на подиумот, а на Италијанецот тоа му успеа на трките во Херез, Ле Ман, Германија и Мизано. Ова беше доволно да се искачи на петото место во генералниот пласман и да ја освои наградата за дебитант на годината.

Неверојатната прва сезона во средната класа, Бањаиа го стави меѓу фаворитите за титулата во сезоната 2018. Стартувајќи ја годината со победа на трката во Катар, Бањаиа не успеа да освои бодови на трката во Агрентина но се врати во посакуваниот ритам за трката која се возеше во Тексас.

Тогаш за прв пат се појави и Оливеира, неговиот најголем ривал за титулата. Португалецот успеа да победи на трката во Муџело и му се доближи на само еден поен разлика. Веднаш потоа следуваше одговор на Италијанецот кој успеа да победи на неговата омилена патека во Асен.

Двајцата возачи потоа најизменично ги делеа победите. Прв започна Оливеира но Бањаиа се врати на првото место на трката во Австрија.  Следуваше потоа еден успешен период каде што успеа да победи на трката во Мизано и Тајланд, а заврши на втората позиција во Арагон. Иако на трката во Мотеги заврши на второто место, сепак подоцна беше промовиран како победник откако беше дисквалификуван Фабио Куартараро. За време на трката која се возеше на Филип Ајленд, тој ја имаше првата можност да ја освои титулата. Но лошиот викенд кој го имаше неговиот тим го спречи во тоа. Борбата за титулата продолжи и на трката во Малезија.

Тука мисијата беше успешно завршена откако успеа да дојде до уште едно место на подиумот. Од следната сезона, Бањаиа и дефинитивно ќе настапува со MotoGP мотоцикл откако ќе го замени Џек Милер во Alma Pramac Racing.

Back To Top