Михаел Ван Дер Марк ќе го замени Валентино Роси на трката која ќе се вози во Арагон. Холандскиот WSBK возач е избран да го замени деветкратниот светски шампион додека заздравува од повредата на ногата.

Михаел Ван Дер Марк ќе го замени Валентино Роси на трката која ќе се вози во Арагон. Холандскиот WSBK возач е избран да го замени деветкратниот светски шампион додека заздравува од повредата на ногата. Ван Дер Марк нема да има време да се запознае со мотоциклот ниту пак со пневматиците.  Исто така тој ќе нема ниту време да ги види можностите на мотоциклот со оглед на тоа дека трката во Арагон е планирана да се оддржи следниот викенд.

michael van der mark yamaha wsbk 0

За среќа нема да мора да ја учи патеката бидејќи и возачите од WSBK шампионатот настапуваат на истата патека. Назначувањето на Ван Дер Марк како замена за Роси претставува мало изненадување. Во минатото, Кацујуки Нагасуга беше замена за повредените возачи, а плус тој веќе има искуство со MotoGP мотоцикл.

Тимскиот колега на Ван Дер Марк, Алекс Ловс исто така има MotoGP искуство откако веќе на два пати го има заменето Бредли Смит во тимот на Monster Tech 3 Yamaha, а исто така настапи и на тестот кој се оддржа во Брно.

Сепак, се верува дека Yamaha Europe, која плаќа поголем дел од средствата за учество на Pata Yamaha во WSBK шампионатот донеле одлука дека е подобро Ловс повеќе да се сконцентрира на таа серија каде во моментов се наоѓа на петтата позиција.

michael van der mark yamaha racing

Back To Top