Хорхе Лоренцо ги замочи критичарите и ги изненади навивачите ширум светот откако успеа да се искачи на подиумот на трката во Херез. Ова за него беше прв подиум откако премина во тимот на Ducati на почетокот на сезоната.

Хорхе Лоренцо ги замочи критичарите и ги изненади навивачите ширум светот откако успеа да се искачи на подиумот на трката во Херез. Ова за него беше прв подиум откако премина во тимот на Ducati на почетокот на сезоната.

Но уште поимпресивно е тоа што тој успеа да го постигне овој резултат на патека на која мотоциклите на Ducati во минатото имаа големи проблеми. Иако многумина веќе го отпишаа, а некои дури најавуваа дека тој ќе го раскине договорот со тимот после само една сезона, веднаш по завршувањето на трката Лоренцо им одговори на критичарите.

lorenco radosen

„Некои луѓе се сомневаа во мојата посветеност, но премногу рано почнаа да зборуваат и сега мора да признаат дека погрешиле. Не можеш да се сомневаш во ниту еден MotoGP возач бидејќи сите се многу добри и сите можат да се најдат на врвот. Ова особено важи за возач кој има освоено неколку титули.“

„Резултатот е особено важен бидејќи сите знаат со какви проблеми се соочуваме, а плус и во минатото немавме добри резултати на оваа патека. Но Херез е една од моите омилени патеки и имав добро претчувство за викендов. Знаев дека имаме потенцијал да се бориме за место на подиумот.“

Лоренцо признава дека откако ја сфатил својата позиција и темпото на трката, знаел дека е можно да постигне добар резултат и да го намали притисокот со кој постојано се соочува.

„Кога ми стана јасно дека можам да го претекнам Зарко знаев дека можам да се искачам на подиумот. Во тој момент сте фокусирани на возењето но се уште размислувате на која позиција би можеле да завршите. Ми беше тешко да ја оддржам вербата, особено пред крајот кога веќе сте преморени, но тогаш притиснав повеќе и се чувствував фантастично бидејќи знаев дека можеме да ја оствариме крајната цел.“

Back To Top