Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

karelabraham asparteammotogp 2018 1 2.big

Како што беше денеска објавено, тимот Aspar и Карел Абрахам ја продолжуваат соработката и во 2018 година. Тимот е задоволен од досегашниот успех на Чешкиот возач, а Абрахам е задоволен што и следната година ќе настапува во МотоГП шампионатот.

Абрахам до сега забележа топ 10 пласман, старт од првиот ред како и директен настап на Q2 сесиите. Најдобар пласман со Ducati GP15 сезонава му е седмата позиција во Асен што за тимот е доволно добро за да му понуди нов договор.

„За тимот е добро што ќе ја продолжиме соработката со Абрахам, минатата година кога потпишавме со него мислевме дека ќе име одредени успеси, но она што го видовме до сега пријатно не изненади. Забележа подобри резултати од она што го зацртавме пред почетокот на сезоната, едноставно е, ние сме задоволни со него, тој е задоволен со нас, соработката продолжува“ - изјави Хорхе Мартинез, генералниот менаџер на Аспар.

„Среќен сум што потпишав продлжување на договорот со Аспар, тоа што ќе продолжам со истата група на луѓе е многу важно за мене. Среќен сум за мојата иднина, но реалноста е дека треба да се фокусирам на она што го правам сега и да ја оправдам довербата, па затоа ќе направам се што можам до крајот на сезоната да завршам со добар резултат“ - изјави Абрахам.

Back To Top