Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Актуелниот шампион и возач на тимот Honda, Марк Маркез, уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред возачот на сателитскиот тим на Ducati, Данило Петручи, кој го постигна својот прв подиум оваа сезона. Возачот на Yahama, Валентино Роси се најде на третото место.

2016 le mans motogp preview no favorite among aliens 1

За жал Францускиот возач, Јохан Зарко немаше успешна трка откако излета надвор од патеката во осмиот круг. Возачот на Suzuki, Андреа Ианоне исто така имаше лош настап додека пак Андреа Довициозо исто така направи грешка во првиот свиок само неколку круга после Ианоне.

Хорхе Лоренцо имаше добар старт на трката, а веднаш зад него беа Маркез, Петручи, Роси и Џек Милер. Веќе во десетиот круг Маркез изби на челната позиција, а еден круг подоцна и Петручи успеа да го претекне Лоренцо.

Кратко потоа и Роси и Милер успеаа да го претекнат Лоренцо. Разликата меѓу првите четири возачи некое време беше мала се до шеснаесетиот круг кога Маркез постигна најбрзо време и направи разлика поголема од една секунда. Малку по малку тој ја зголемуваше предноста пред Петручи кој повеќе внимание обрнуваше на тоа да го задржи Роси зад себе.

Педроса конечно успеа да го претекне Лоренцо во битката за петата позиција додека пак Маверик Вињалес успеа да заврши на седмата позиција откако повеќе од половина од трката беше надвор од најдобрите десет возачи. Членот на Aprilia, Алеш Еспаргаро, имаше добра трка. До самиот тој се наоѓаше на осмата позиција и беше многу блиску до постигнување на неговиот најдобар резултат оваа сезона. Сепак на крајот тој беше претекнат од Кал Кратчлоу кој трката ја стартуваше од тринаесетата позиција.

Возачот на Suzuki, Алекс Ринс имаше мирна но важна трка. Тој се бореше со Вињалес и Еспаргаро во текот на целата трка и на крајот се најде меѓу најдобрирте десет возачи, но дури откако тројца натпреварувачи предвреме ја завршија трката. Пол Еспаргаро уште еднаш имаше добар настап откако со тимот на КТМ заврши на единаесетата позиција. Возачот на Yamaha Tech 3, Хафиз Сиахрин беше најдобриот дебитант.

Moto 2

Франческо Бањаиа беше едноставно незапирлив во Ле Ман. Бањаиа, кој стартуваше од пол позицијата, на крајот успеа да стигне до неговата трета победа во 2018 година. Алекс Маркез беше втор додека пак шампионот од Moto3 серијата Јоан Мир го постигна својот прв подиум во оваа класа.

Bagnaia LeMans Moto2 2018 730x499

Пред стартот на трката се случи и мал проблем поради кој Чави Виерге, кој требаше да стартува од втората позиција, поради механички проблем на крајот стартуваше  од последниот ред.

Бањаиа и Маркез имаа одличен старт на трката додека пак Лоренцо Балдасари, кој стартуваше од третата позиција немаше онаков старт каков што очекуваше и излета надвор  од патеката веќе во седмиот круг.

Бањаиа и Маркез направија предност пред Марсел Шроетер кој беше на третата позиција. На крајот на трката, Бањаиа заврши со предност од речиси три секунди пред Маркез кој во петата трка во оваа класа успеа да стигне до својот прв подиум.

Шроетер на крајот заврши на четвртата позиција што е негов најдобар резултат во Moto2 серијата. Неговиот тимски колега успеа да заврши како петти откако ги претекна Мигел Оливеира и дебитантот Романо Фенати.

За Фенати, кој заврши на седмата позиција ова беше негов најдобар резултат оваа сезона. Фабио Куартараро заврши на осмата позиција и за него ова исто така беше најдобар пласман оваа сезона. Пред крајот на трката Французинот се бореше за својата позиција со возачот на КТМ, Биндер. Јужно Африканецот на крајот заврши на деветата позиција додека пак десети беше Стефано Манци кој трката ја стартуваше од 23-тото место.

Moto 3

Алберт Аренас ја постигна својата прва победа во класата во трка која беше неверојатно интересна. Неговиот тимски колега Андреа Мињо заврши на втората позиција додека пак Маркос Рамирез беше трети.

Moto3 Francia 2018 Albert Arenas

Голема драма имаше во последните неколку круга од трката, а кулминираше кога лидерот на табелата Марко Безеки и Хорхе Мартин излетаа надвор од патеката на само еден свиок пред крајот. Безеки излета надвор од патеката откако го претекна тимскиот колега на Мартин, Фабио Ди Џанантонио додека пак Мартин, кој се наоѓаше веднаш зад Безеки на третото место, излета надвор од патеката веднаш по него.

Ди Џанантонио на крајот прв влезе на целта но казната од три секунди го врати неколку позиции наназад, а Аренас се најде на првото место.

Николо Антонели помисли дека го постигна својот прв подиум оваа сезона но и тој доби казна која му помогна на Рамирез да заврши на третата позиција. Ова за него беше втора трка по ред како завршува на позиција која носи на место на подиумот.

Поради казната, Ди Џанантонио заврши на четвртата позиција и во моментов тој се наоѓа на второто место во генералниот пласман додека пак Антонели беше петти.

Возачот на КТМ, Јакуб Корнфеил, кој имаше сериозен инцидент за време на трката на крајот сепак успеа да заврши на шестата позиција. Тони Арболино од Honda заврши на седмото место додека пак Арон Канет кој стартуваше од последните редови на крајот успеа да стигне до осмото место. Во моментов тој се наоѓа на третото место во генералниот пласман со заостанување од седум поени зад Безеки.

Тацуки Сузуки (Honda) беше деветти додека пак дебитантот Хауме Масиа (KTM) ги заокружи првите десет места.

Back To Top