Возачот на Јамаха Теч 3 тимот, Јонас Фолгер, преку својот менаџер денеска го извести тимот дека нема да настапува на овогодинешниот МотоГП шампионат.

Само една недела пред стартот на првиот пред-сезонски МотоГП тест, Јамаха Теч 3 тимот доби вест која воопшто не им беше лесно да ја примат.

Јонас Фолгер денеска го извести тимот дека не се чувствува 100% ментално и физички подготвен да настапува во МотоГП па затоа одлучил да се повлече од шампионатот.

2016 MGP TEST Folger Spain Valencia 013 1200x899

„Навистина сум тажен што морам да го кажам ова, но јас нема да се тркам во МотоГП во 2018 година. Едноставно не се чувствувам подготвен за предизвикот да возам МотоГП мотор. Би сакал да им се заблагодарам на сите, Јамаха Теч 3 тимот, фабриката на Јамаха, Monster Energy, Ixon, HJC, Forma boots и Rudy Project. Се надевам дека еден ден ќе се вратам, и ви благодарам за досегашната поддршка.“ - Јонас Фолгер

Вчера вечер (вторник) добив повик од личниот менаџер на Фолгер и не можев да поверувам што слушам. Боб (менаџерот на Фолгер) ми пренесе дека Јонас одлучил дека нема да се трка оваа сезона бидејќи не се чувствува 100% ментално и физички подготвен. Сеуште е тешко да го сватам и прифатам тоа што го слушнав, посебно затоа што Фолгер беше некој во кој многу се надевав. Јас ја почитувам неговата одлука, иако е премногу тешко да ја разберам. Се надевам дека ќе најдеме замена, иако реално тоа ќе биде многу тешко бидејќи сите брзи возачи веќе имаат ангажман. Ќе мора да бидеме проактивни и да се снајдеме во дадената ситуација, а за секоја измена ќе ве известиме навремено“ - Херве Поншарал, тимскиот менаџер на Теч 3

Back To Top