Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Оваа година за Ducati, Хорхе Лоренци и Андреа Довициозо беше исполнета со предизвици. Desmosedici GP17 е нова платформа која има целосно нов аеродинамичен систем, поинакви крилца и воопшто целиот пакет се соочи со сериозни предизвици во текот на својот развој. По неуспехот во Аргентина, Ducati се надеваше дека ќе постигне подобар резултат на патеката во Тексас.

Квалификациите беа подобри отколку што се очекуваше и Лоренцо изгледаше задоволен.

lorenzo cota

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Кажи ми нешто повеќе околу развојот на новата машина на Ducati и каква е таа во споредба со Yamaha. Кои се предизвиците при развојот на ваков мотоцикл?

„Да бидам искрен, не очекував толку голема промена. Двата мотоцикли се комплетно различни. Моторот е многу силен на правец но и малку проблематичен. Во моментов воопшто не е лесно да се вози на него. Морам подобро да го научам мотоциклот. Морам да поминам повеќе време на него за да го искористам целиот негов потенцијал. Тимот работи навистина напорно за да го направи мотоциклот полесен за возење.“

Како три кратен MotoGP шампион премина од Yamaha во Ducati. Дали уживаш во предизвикот?

„Да секако, бидејќи се натпреваруваме против тимови како што се Yamaha и Honda. Воопшто не е лесно за една Европска фабрика која е далеку помала. Но ние имаме многу фанови и голема пасија. Нашата фабрика е помала во споредба со другите две и затоа секогаш е тешко да се бориш против нив. Но предизвикот се состои во тоа да се победат тие две екипи.Затоа го прифатив предизвикот. Не дојдов тука заради пари. Го направив ова заради себеси, за да освојам титула со Ducati. “

Забележав дека КТМ направи промена на надворешните додатоци со цел да пробаат нешто поинакво. Дали и вие планиравте нешто такво за да видите дали тоа може да ви помогне на патеката во Остин?

„Мислам дека е голема штета што MotoGP ги забрани крилцата, бидејќи тие се подобри за возење. Предното тркало е прицврстено на земја и возењето е многу побезбедно. Без нив возењето е помалку безбедно. Мислам дека Ducati загуби многу повеќе во споредба со останатите тимови. Тешко е да ја надоместиме загубата на крилцата.“

Дали ти се допаѓа кога доаѓаш на оваа патека и што мислиш за САД?

„Ми се допаѓа земјата. Ми се допаѓаат времето во Калифорнија и Тексас. Иако во текот на летото е многу топло сепак Остин е прекрасен. Градот и патеката се многу модерни.“

Слушнав многу за испакнатите делови на патеката оваа година. Дали навистина се полоши во споредба со минатата година?

„Да, полоши се. Многу полоши. Ќе биде тешко за нашиот мотоцикл.“

Доколку погледнете во минатото ќе забележите дека имаше многу повеќе Американски возачи. Што треба да се направи за повторно да има повеќе Американски возачи во MotoGP?

„Мислам дека треба да се зголеми популарноста на MotoGP во САД. Бидејќи кога ќе стане повеќе популарна, повеќе луѓе ќе гледаат на телевизија и повеќе млади луѓе ќе го засакаат спортот.“

Back To Top