Возачот на Ecstar Suzuki, Андреа Ианоне, со нетрпение чека да се врати на GSX-RR за трката во Брно која ќе се оддржи овој викенд откако во текот на летото успеа да направи подобрувања на мотоциклот

Возачот на Ecstar Suzuki, Андреа Ианоне, со нетрпение чека да се врати на GSX-RR за трката во Брно која ќе се оддржи овој викенд откако во текот на летото успеа да направи подобрувања на мотоциклот. Ианоне смета дека постигнал значителен напредок на патеката во Захсенринг и дека тоа ќе му помогне да постигне подобар резултат и во Брно. Вели дека е фокусиран и дека со нетрпение ја очекува трката која ќе се вози во Чешка.

IMGP8058

„Среќен сум што се враќам на трките и полн сум со ентузијазам бидејќи мислам дека на тестот кој се оддржа во Захсенринг во саботата откривме нешто кое ќе ми помогне да возам со поголема самодоверба. Ја искористив паузата за тренинг, но исто така и добро се одморив. Сега се чувствувам целосно фокусиран.“

„Ми се допаѓа патеката во Брно. Мораме да постигнеме подобри резултати во вториот дел од шампионатот отколку во првите девет трки. Знам дека целиот тим со нетрпение го очекува тоа,“ изјави Ианоне.

„Тоа ми дава поголема самодоверба. Ќе започнеме со еден тежок предизвик. Мораме да ги подобриме нашите перформанси и нашите резултати и сигурен сум дека имаме потенцијал за да го направиме тоа.“

Неговиот тимски колега Алекс Ринс ја искористи летната пауза да работи на својата физичка подготвеност откако се врати на патеката после повредата. Дебитантот сега се надева дека ќе успее да го надополни сето она што го изгуби во првиот дел од шампионатот.

„Различните повреди кои ги доживеав од крајот на 2016 година ми ја променија програмата за летната пауза и поради тоа повеќе се посветив на физичката подготовка. Да бидам искрен, уживав во подготовките и сега се чувствувам спремен. Но покрај вежбите со велосипед, успеав да извозам и неколку круга со мотоциклот.“

Back To Top