Шпекулациите се потврдија, актуелниот Мото3 шампион од следната сезона ќе настапува во фабричкиот тим на Сузуки.

Тимот на Сузуки објави дека успеале да го договорат потписот на Хуан Мир, актуелниот Мото3 шампион како нивни возач во следните две сезони.

huan mir

20 годишниот Шпанец ќе му биде тимски колега на Алекс Ринс во тимот на Сузуки. Мир дебитираше во Мото3 во 2015 година, во 2016 имаше три подиуми зад себе вклучувајќи една победа, а навистина блесна минатата година. Тој оствари 10 победи, две втори места и едно трето и заслужено ја освои титулата.

Оваа сезона Мир настапува во Мото2 шампионатот, каде по два подиуми се наоѓа на петтата позиција во генералниот пласман, во првата сезона во оваа класа.

Од него се очекува многу, па не е случајно што Сузуки навремено ги започна преговорите со талентираниот возач, а сега кога го обезбеди неговиот потпис тимот од Хамамацу ќе може да се фокусира на тековната сезона.

Back To Top