Бредли Смит ќе остане дел од MotoGP и следната сезона но во малку поинаква улога.

Актуелниот натпреварувач на Red Bull KTM во иднина ќе биде тест возач на тимот на Aprilia но сепак со помош на вајлд карта ќе настапи на неколку трки со RS-GP машината.

Зборувајќи ексклузивно за MCN, веднаш по откажаната Гран При трка на Британија, Смит вели дека по неуспехот да потпише договор со KTM или со Yamaha, се одлучил да стане дел од Италијанската фабрика.

744106

„Се до трката во Австрија, изборот беше помеѓу KTM и Yamaha. Но во неделата имавме средба со претставници на Aprilia кои покажаа голем интерес. Оттогаш течат разговорите.“

„Во саботата на патеката во Силверстоун, Лин Џарвис изјави дека Британски возач нема да биде дел од тест тимот на Yamaha. После некое време и КТМ изјави дека не се заинтересирани да обезбедат вајл карта за тест возач. Тоа ме остави само со една опција.“

„Сега ни останува да усогласиме уште неколку детали но секако дека треба да седнеме и да разговараме и со Yamaha за да разјасниме некои работи.“

Ова ќе биде одлична вест за актуелниот возач на Aprilia, Алеш Еспаргаро, кој неодамна изјави дека би било одлично доколку некој искусен возач каков што е Смит му се приклучи на тимот.

„Тој е многу искусен возач кој во минатото беше дел од Yamaha, а сега има голем напредок во тимот на КТМ. Тој е млад возач кој има голем потенцијал и кој во иднина може да биде фабрички возач. Со оглед на моменталната ситуација во тимовите тој засега нема таква можност, но тоа не значи дека не е добар возач.“

Со ваквата одлука се намалува можноста Скот Рединг да дојде на оваа позиција. Постојат гласини дека за поранешниот Moto2 шампионат се заинтересирани неколку екипи кои се дел од Moto2 серијата, а со оглед на неговите изјави по завршувањето на трката во Австрија, дополнително си ја затвори вратат во тимот.

Back To Top