thumb_elbowzМотоГП ѕвездата и возач на Јамаха тимот, американецот Бен Спиз го промовираше новиот веб сајт на неговиот проект наречен Elbowz Racing.

elbowz

МотоГП ѕвездата и возач на Јамаха тимот, американецот Бен Спиз го промовираше новиот веб сајт на неговиот проект наречен Elbowz Racing. www.elbowzracing.com е сајтот на кој можете да дознаете се за обидите на Спиз во велосипедизмот, а накусо, се работи за проект во кој аматерски возачи се оспособуваат за професионалните патеки на правилен начин.

Како што вели и самиот Спиз, тој повеќе од добро знае што е потребно како возач да добиеш од тимот за да бидеш успешен, па сака своето искуство да им го пренесе на младите таленти. И се чини дека е на прав пат, неговиот тим Elbowz Racing, минатата година забележа повеќе од 70 победи, заврши како второ рангиран аматерски тим во САД, ја освои трката за Елитната награда на Луксембург и уште многу други успеси кои му даваат сила и мотив на Спиз да продолжи со својата работа.

Американецот ги користи последните слободни денови пред почетокот на МотоГП сезоната која е закажана за 8-ми април на патеката Лосаил во Катар, но претходно го очекува и последниот пред сезонски тест на патеката Херез од 23-25 март.

Back To Top