Гран При трката која се оддржа во Чешка не ни даде голем повод да зборуваме за четирите технички партнери на Motul во MotoGP серијата.

Гран При трката која се оддржа во Чешка не ни даде голем повод да зборуваме за четирите технички партнери на Motul во MotoGP серијата.

Најдобриот пласман го имаше Алеш Еспаргаро и Aprilia Racing Team Gresini кои на крајот завршија на осмото место.

IMGP8218

Возачите беа приморани да ги променат мотоциклите и се поставува прашањето, кога е најдобриот момент за да се направи тоа? Еспаргаро можеше да постигне и подобар пласман.

Во текот на летната пауза тимот работеше напорно и воведе неколку промени на неговиот мотоцикл. Тој се одлучи да го промени мотоциклот во третиот круг но неговите механичари го вратија на патеката, а во истиот момент за промена на мотоциклот се одлучи и возачот на Suzuki, Андреа Ианоне. Италијанецот се обиде да ја оддржи стабилноста но не успеа и на крајот падна, а Еспаргаро доби казна.

„После ова го загубив ритамот бидејќи мојот мотоцикл ги немаше најновите додатоци, а меката предна гума не ми дозволи да нападнам до крај. Пропуштивме одлична прилика но и фактот дека завршивме на оваа позиција и покрај сите проблеми ни покажа дека имаме значителен напредок.“

Кај Monster Tech 3, Фолгер застана премногу рано додека пак Зарко премногу доцна.

Back To Top