Корпорацијата Honda Racing објави дека Алберто Пуиг ќе биде назначен за нов тимски менаџер на тимот Repsol Honda. Тој ќе стартува со извршување на новата функција започнувајќи од првиот MotoGP тест од сезоната кој ќе се оддржи од 28-30 јануари на патеката во Малезија.

Корпорацијата Honda Racing објави дека Алберто Пуиг ќе биде назначен за нов тимски менаџер на тимот Repsol Honda. Тој ќе стартува со извршување на новата функција започнувајќи од првиот MotoGP тест од сезоната кој ќе се оддржи од 28-30 јануари на патеката во Малезија.

maxresdefault copy

По завршувањето на кариерата во која оствари една победа во класата од 500cc, како и подолг престој во Honda, Пуиг стана еден од најреспектираните менаџери во мото индустријата. Како советник на HRC, неговата последна функција беше директор на Азискиот и Британскиот талент куп.

На новата функција, Пуиг ќе има директна соработка со Тецухиро Кувата, директорот за тркачки операции во Honda. Пуиг заедно со техничкиот менаџер Такео Јокојама ќе бидат одговорни за тркачките операции.

Тецухиро Кувата -  директорот за тркачки операции во Honda

„Среќни сме што Алберто ќе преземе нова функција во нашиот тим. Тој долги години е дел од нашата фамилија, најпрво како возач, а потоа и како советник. Одреден период беше и менаџер на Азискиот Талент куп каде што им помогна на многу млади возачи да се развијат. Веруваме во неговите вештини и големото искуство кое заедно со долгата и успешна соработка со HRC ќе даде голем добринос на компанијата која повторно има за цел да се бори за освојување на титулата во MotoGP.  На Алберто му посакуваме топло добредојде и многу среќа во неговата понатамошна работа.“

Алберто Пуиг – тимски менаџер на Repsol Honda

„Благодарен сум и на Honda за оваа можност. Веќе 25 години сум дел од тимот, најпрво како возач, потоа како тимски менаџер во помалите класи, а во последниот период и како тренер на големиот број талентирани Азиски возачи кои се дел од Honda. Претставува голема чест да имате можност да сте дел од еден од најуспешните тимови во MotoGP шампионатот и затоа ќе дадам се од себе за да му помогнам на тимот да ја постигне својата цел. Сигурен сум дека нашите возачи ќе бидат подготвени кога ќе дојде време за тоа, а исто така и како тим ќе бидеме подготвени повторно да се бориме за титулата.

Back To Top