Ако се надевавте дека Honda CBR1000RR 2017 ќе биде комплетно нова машина, она што следува можеби ќе ве разочара.

Ако се надевавте дека Honda CBR1000RR 2017 ќе биде комплетно нова машина, она што следува можеби ќе ве разочара.

Тоа е така поради сликите кои беа објавени на Twitter и кои сугерираат дека  2017 Honda Fireblade ќе има само неколку козметички промени за следната година.

Од она што се гледа на сликите, можеме да заклучиме дека Honda CBR1000RR има променета шара, но доколку подобро ја споредиме шасијата, ќе можеме да видиме дека тоа е актуелната машина но само со поинаква шара.

2017 Honda CBR1000RR similarities

Иако квалитетот на сликата е слаб, рамката и задната вилушка го имаат истиот дизајн. Исто така и оклопот околу моторот е многу сличен како кај актуелниот модел  Honda CBR1000RR.

На горната слика ги обележавме деловите кои се чини дека ќе бидат пренесени на дизајнот за 2017 година. Од она што може да се забележи, се чини дека е истиот модел само малку преправен.

Држачите за нозе изгледаат како да се истите, а исто така се наместени и на идентична позиција. Слично на ова, и навртката за моторот која се наоѓа на испакнатиот дел од рамката е на идентична позиција како и кај претходниот модел.

Но најинтересен дел е обвивката што може да се види на рамката, во близина на предниот дел, на Honda CBR1000RR 2017.

Тоа комплетно ја покрива дупката која ја има на шасијата на моделот 2016, а тоа е делот каде што цревата од ладилникот се поврзуваат со моторот.

Ова само покажува колку малку промени Јапонскиот производител направил на моделот за 2017 година.

Во однос на тоа што е ново, покрај променетата шара, единственото нешто што можевме да го забележиме е променетата подрамка и издувен вентил, кој веројатно ќе помогне со Euro4 регулацијата на штетни гасови.

cbr1000rr 2017 2

Секако, сликите не ни покажуваат ништо во однос на тоа што се крие под рамката на новиот CBR1000RR. Можеби Honda направила некои интересни промени на моторот.

Можеме да очекуваме комплетно нова електроника на Honda CBR1000RR 2017. Контролата на тракцијата и некои други помошни работи конечно ќе бидат инсталирани на овој мотоцикл.

Се надеваме дека гласините за посилен V4 супербајк ќе се покажат како точни. Таква машина би можела да биде нешто посебно за Honda. Би се продавал во лимитиран број и би имал значително повисока цена, а машината која ја видовме тука би била наменета за пошироката публика.  Времето ќе покаже дали тоа ќе излезе како точно.

cbr1000rr 2017

Back To Top