Ова што го гледате е Yamaha MT-10 SP 2017, новото издание на компанијата од Ивата. Овој мотоцикл е еден од поинтересните машини кои ќе дебитираат денеска на INTERMOT. Тоа е така поради тоа што Yamaha MT-10 директно ќе се судри со мотоциклите од истата класа на Европските брендови.

Ова што го гледате е Yamaha MT-10 SP 2017, новото издание на компанијата од Ивата. Овој мотоцикл е еден од поинтересните машини кои ќе дебитираат денеска на INTERMOT. Тоа е така поради тоа што Yamaha MT-10 директно ќе се судри со мотоциклите од истата класа на Европските брендови. Вакво нешто веќе се има случено со моделите MT-10 и FZ-10, иако тоа не беше намерно предизвикано.

2017 Yamaha MT 10 SP Europe studio 09

Yamaha MT-10 SP и овозможува на Јапонската компанија да се изедначи со Super Duke R, Tuono V4 1100 и останатите машини од оваа класа.

За да го постигне тоа, Yamaha додаде полу активна суспензија, благодарение на Öhlins. Додаден е и побрз менувач на брзини како и дополнително квачило.

Овие работи можеби изгледаат како едноставни надополувања на Yamaha MT-10, но тоа беше она што му недостасува на овој мотоцикл кога беше споредуван со своите поскапи, Европски ривали.

Додадете ги овие промени на четири тактниот мотор кој има моќност од 160 коњски сили и можете да бидете сигурни дека Yamaha MT-10 SP 2017 ќе ви овозможи многу повеќе од некои Европски брендови.

Овој мотоцикл ќе биде достапен од февруари 2017 година. 

Back To Top