04GEN е нов концепт на Yamaha кој за прв пат беше претставен на првото мото шоу кое се оддржа во Виетнам од 7ми до 10ти Април.

Има нешто уметничко кај Yamaha. Во случај да се сомневате во ова, подгответе се за мотоциклот кој ќе ви го промени мислењето за производите на фабриката од Ивата. 04GEN е нов концепт на Yamaha кој за прв пат беше претставен на првото мото шоу кое се оддржа во Виетнам од 7ми до 10ти Април.

Yamaha ја претстави новата филозофија која се базира на концептот „префинета динамика“.  Компанијата од Ивата ја претстави идејата „RUN“ која е кратенка за револуција, уникатност и благородност.

Од Yamaha велат дека 04GEN потсетува на „слика на жена полна со елеганција и грациозност во умот и душата.“ Самиот дизајн на овој мотоцикл е предизвикувачки.

yamaha 2016 04gen concept scooter 17

Двете полупроѕирни панели кои ги покриваат страничните делови личат на вратите на некои спортски автомобили. Да бидеме попрецизни, личат како крила на некои инсекти. Но сепак, и луѓето кои не сакаат инсекти, треба да му обрнат внимание на овој мотоцикл.

Предните светла и целиот горен дел на мотоциклот само дополнително го подобруваат неговиот изглед. Тој многу повеќе личи на пеперутка или водно коњче отколку на лебарка. Yamaha 04GEN исто така има вклучено и малку од ДНК-та на Веспата во целиот овој микс. Можеби тоа е така поради оригиналното кожно седиште.

Наместо да понуди одговори, предниот дел на Yamaha 04GEN нуди многу повеќе прашања. Двојната суспензија е многу слична со онаа кај BMW. Дали Yamaha планира нешто во таа насока?

Back To Top