Yamaha го прошири своето присуство и во светот на мобилните апликации. Неодамна, компанијата од Ивата ги додаде и скутерите на апликацијата за мобилни телефони и таблети, „My Garage“.

Љубителите на скутери сега имаат модерен и едноставен начин да видат како би изгледале нивните миленици доколку имаат поинакви делови, без притоа да мораат да отидат до продавница.

Покрај Supersport, MT и Sport Heritage кои веќе се присутни во виртуелната продавница, додадени се уште два скутера: MAX и X-MAX. Вториот е достапен во трите верзии, 400, 250 и 125.

yamaha scooters my garage app 2

Сликата за овие скутери ќе биде направена со помош на истата 3D машина која беше искористена и за претходните модели. Тоа значи дека корисниците ќе можат да го видат мотоциклот од сите страни и во висока резолуција.

Откако ќе биде направена посакуваната конфигурација, корисниците ќе можат да ја зачуваат сликата и да ја пратат до локалната продавница на Yamaha.

„Многу е лесно да се промени бојата, да се додадат различни делови па дури и да се спореди цената на производство. Откако ќе завршите, конфигурацијата ќе можете да ја испратите до локалниот дилер за Yamaha, кој потоа ќе ве контактира за дополнителни информации. Оваа апликација за спортски скутери на Yamaha содржи напреден интерфејс кој ви нуди уште подобро искуство и е достапна за IOS и Android,“ изјавија од Yamaha.

yamaha scooters my garage app 3

Се чини дека дигиталната технологија е се поприсутна во мото индустријата. На овој начин, производителите на мотоцикли полесно ќе бидат во контакт со новата генерација на потрошувачи.

Постарата генерација можеби ќе сака да ја посети продавницата, да ги види различните модели па дури потоа да размисли како би изгледал мотоциклот со додадени нови делови. После завршувањето на овој процес, тие ќе се одлучат дали да купат нов мотоцикл или не. Помладата генерација повеќе ги користи модерните комуникациски технологии.

yamaha scooters my garage app 4

Back To Top