motori MV-Agusta-Rivale-sketchНа само две недели пред почетокот на саемот EICMA во Милано, MV Agusta објави скицирана слика од новиот модел „Rivale“. Целта на компанијата е да се подигне интересот за третиот модел во гамата на мотори со три цилиндри и дефинитивно успеваат во својата намера..

MV-Agusta-Rivale-sketch

На само две недели пред почетокот на саемот „EICMA“ во Милано, MV Agusta објави скицирана слика од новиот модел „Rivale“. Целта на компанијата е да се подигне интересот за третиот модел во гамата на мотори со три цилиндри и дефинитивно успеваат во својата намера. Според сликата забележителни се трите издуви кои станаа препознатлив знак за моторите на Агуста со три цилиндри, а кои потекнуваат од MV Agusta F3, но задниот дел наликува на Ducati Diavel.

Иако сеуште не се познати техничките карактеристики, скицата ветува нов модел со кој Агуста ќе ја зацврсти положбата на пазарот, и кој ќе го продолжи трендот на успешни модели од италијанската фабрика. За цената е рано да зборуваме, а познато е само дека новиот модел ќе може да се најде кај застапникот на Августа во Скопје, Динамикс, од септември следната година кога ќе биде достапен и на пазарот низ Европа.

Очекувајте ексклузивни фотографии и видеа од овој како и од сите други модели на Агуста од 15-ти Ноември кога започнува саемот „EICMA“ во Милано, а на кој ќе биде присутна екипата на мотори.ком.мк

Back To Top