BMW вели дека имале три цели кога го дизајнирале новиот S1000RR: да биде една секунда побрз кога е на тркачка патека, да биде 10 килограми полесен и полесно да се контролира. Од првиот поглед на спецификациите, ни стана јасно дека успеале во тоа.

Како и кај сите најнови мотоцикли, равенката почнува со моторот. За моделот за 2019 година, BMW дизајнираше целосно нова единица која сега има 203.8bhp при 13,500rpm како и 83.3ftlbs при 11,000rpm. Тие исто така додадоа и „ShiftCam“ технологија која имавме можност да ја видиме кај новиот GS. Резултатот од ова е поголема моќност помеѓу 5500rpm и 14,500rpm. Од компанијата велат дека ова го прави возењето многу полесно. Дури и со сите овие додатоци како и со издувот кој е во согласност со Еуро 4 стандардот, се намалува тежината за дури 5,3 килограми. А секако, моторот е само почеток.

BMW S1000RR 1

Со новиот мотор оди и новата рамка која BMW ја нарече FlexFrame. Таа е потенка и нуди многу поудобно возење. Покрај тоа ја намалува тежината на мотоциклот за 1,3 килограми во споредба со претходниот модел. Суспензијата исто така доби целосна промена и сега има Full Floater Pro на задното тркало како и можност за електронска суспензија со Dynamic Damping Control. Но ова не е се кога станува збор за електрониката.

Како стандарден дел кај новиот модел се и четирите режими на возење но исто така постои и опцијата „Pro Modes“ која им овозможува на возачите да ги променат карактеристиките на гаста. S1000RR исто така има и ABS како и систем за контрола на пролизгувањето на тркалата. Исто така, како и останатите модели на BMW тој има 6.5 инчен TFT екран. Засега сѐ уште не е познато која ќе биде неговата цена но очекуваме наскоро да го добиеме ценовникот од увозникот на БМВ за Македонија - Динамикс.

Кога BMW го претстави S1000RR во 2009 година ги освои симпатиите на возачите ширум светот. Не само што враќањето на супербајк моделите беше значаен чекор за компанијата туку ваквата одлука го потресе и пазарот на супербајк мотоцикли. Дури и пред десет години, моќниот RR имаше 190 коњски сили како и супериорна електроника во споредба со останатите мотоцикли. На конкуренцијата и требаше неколку години за да ги стигне.

BMW се познати по своите мотоцикли, а S1000RR воопшто не е исклучок. Во зависност од перформансите има три различни пакети (М, динамичен и тркачки). Покрај тоа има и седум опции за дополнителен багаж, седум опции за удобност како и осум безбедносни опции. Доколку го одберете сите, тежината на вашиот мотоцикл ќе се зголеми за 3.5 килограми. Но од друга страна, сигурно ќе забележите промена и во вашиот паричник.

Back To Top