20
Сре, Сеп
Мотоцикли

Објавени фотографии од новата Honda Gold Wing 2018

Honda Gold Wing се смета за еден од најдобрите мотоцикли во својот сегмент и покрај фактот дека за прв пат беше претставен во 1974 година. Судејки според фотографиите од моделот за 2018 година, се чини дека Јапонскиот производител одлучи да направи големи промени кај новиот модел.

Следете нè на:

 

Honda Gold Wing се смета за еден од најдобрите мотоцикли во својот сегмент и покрај фактот дека за прв пат беше претставен во 1974 година. Судејки според фотографиите од моделот за 2018 година, се чини дека Јапонскиот производител одлучи да направи големи промени кај новиот модел.

2018 honda gold wing leaks out with new front suspension 119593 1

Работите се променети во луксузната туринг класа. ABS сопирачките, неколку модули на возење, контрола на тракцијата сега доаѓаат како составен дел на мотоциклите па оттука може да се очекува овие работи да ги има и кај Gold Wing 2018. Двојна трансмисија слична како кај новиот Africa Twin исто така треба да биде дел од мотоциклот но најголема промена се очекува да има кај предната суспензија.

Како што можете да видите на фотографиите, Honda Gold Wing 2018 ќе доаѓа со специјална предна суспензија. Новата суспензија ќе користи две шипки кои ќе бидат поставени на алуминиумско лежиште. Исто така ќе има единечен амортизер кој ќе се наоѓа некаде под рачките и кој најверојатно ќе биде полуактивен.

Моделот се очекува да го има и новиот DTC систем заедно со седум брзини и рикверц за полсено паркирање. Очекуваме моделот да биде претставен на мото саемот „ЕИЦМА“ во Милано на кој ќе присуствуваме, а ќе се оддржи во ноември.

2018 honda gold wing leaks out with new front suspension 1

comments

Би можело да ве интересира

Роси се обидува да се врати на Арагон, доколку успее ќе загуби бодови од само една трка и ќе остане во борбата за шампионатот.

Андреа Довициозо и Марк Маркез го делат мислењето за една работа по завршувањето на неделната трка –не е точно дека одредени патеки повеќе им одговараат на некои машини.

Компанијата Pirelli обезбеди нов заден пневматик, W0735, за да го користат возачите од Светскиот ШСупербајк шампионат на патеката во Портимао. Тоа е нов, мек пневматик кој содржи различни структурни решенија во споредба со стандардниот, мек, SC0 како и SC1.

Словенечкиот производител на издуви Акрапович објави едно видео на кое може да се види како звучат сите супербајк мотоциклите кои користат нивни издуви. Засилете го звукот и уживајте.

За 2018 година верзијата на Kawasaki Z900 која има 93 коњски сили (70kW) ќе им биде достапна на сите оние кои имаат А2 лиценца.

Дали некогаш сте се нашле позади некој постар возач кој веројатно повеќе не би требало да биде дел од сообраќајот? Што велите за моторџија кој има 101 година?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!