Првите гласини ни пристигнаа од Јапонија ,каде што магазинот „Young Machines“ објави слика од моделот за кој се верува дека е R6 за сезоната 2017.

Да се каже дека на Yamaha R6 и треба некаква промена можеби претставува потценување на самиот мотоцикл, но се чини дека компанијата од Ивата конечно планира да промени нешто на оваа суперспорт машина. Првите гласини ни пристигнаа од Јапонија ,каде што магазинот „Young Machines“ објави слика од моделот за кој се верува дека е R6 за сезоната 2017.

yamaha yzf r6 2017

Овој магазин бил во право за некои работи, но тешко е да се верува дека Yamaha  би го искористиле дизајнот на YZF-R1 за новиот R6.  Но она што е најважно, е тоа дека моделот R6 ќе добие подобрена верзија.

Сликата повеќе личи на R1 со додатоци од актуелниот модел R6, со карактеристичната дијагонална линија која се протега од светлата до средината на мотоциклот.  Во однос на остатокот, виртуелниот R6 е многу сличен со неговиот поголем брат, а во дизајнот е вклучено и двојното светло од моделот R1.

Иако се уште е рано да се каже било што за R6, ние само би кажале дека таквиот пристап не би бил добар. Да се има два мотоцикли кои изгледаат исто воопшто не е добра опција и се надеваме дека Yamaha ќе го направи новиот мотоцикл R6 различен од моделот R1, исто како во старите добри времиња.

Гласините велат дека малку е веројатно Yamaha да направи суперспорт мотоцикл со поголема зафатнина и покрај таквиот тренд во индустријата во моментов. Се чини дека компанијата од Ивата е задоволна со како се покажува мотоциклот на натпреварите ширум светот и преферира да остане во зоната од 600cc.  

Back To Top