Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Honda ни откри нов нејкед спортски мотоцикл наменет за помладата генерација. Лесниот CB125R има мотор со водено ладење, менувач со шест брзини, целосно нова шасија, 41mm USD вилушки како и радијални, четири клипни дискови. Дел од подобрената спецификација се и LED светлата, LCD екранот како и ABS сопирачките кои се базираат на IMU.

20180522 125200

Вовед

Доколку целосно го расклопите мотоциклот, ќе забележите дека понекогаш колку помалку работи има толку е подобро. Ова е особено добро за некој чиј што ова е прв мотоцикл. Добри перформанси и лесен за управување е се што ви е потребно. Сместете ги овие работи во еден нов, исклучителен стил, додадете голем број на премиум спецификации и ќе добиете одличен мотоцикл со кој ќе можете да ја започнете вашата кариера на две тркала.

Honda добро ја разбира оваа формула и за 2018 година го креираше CB125R. Тој е дел од новата фамилија која го користи „Neo Sports Café“ стилот на Honda а во кој се вклучени и CB1000R и CB300R.

Овој мотоцикл е одличен за возење и ја преставува новата насока на движење на Honda кога станува збор за мотоцикли наменети за почетници. Ги содржи голем дел од премиерните додатоци кои можат да се најдат кај неговите поголеми роднини. CB125R на Европските улици ќе им даде еден нов, минималистички стил.

20180522 125218

Преглед на моделот

CB125R можеби изгледа како голем мотоцикл но тој тежи само 125.8 килограми што го прави екстремно лесна машина за управување. Неговиот мотор со водено ладење кој има еден цилиндар ви обезбедува одлично забрзување и нуди уникатно ново присуство, со цел да се ангажираат и инспирираат младите возачи.

Има целосно нова челична рамка која дава одлични повратни информации. CB125R исто така има и 41mm USD вилушки, ABS сопирачките кои се базираат на IMU како и радијални Dunlop пневматици.

LCD екранот како и LED светлата кои можат да се најдат кај многу поголемите машини прават да се чувствувате гордо што сте сопственик на ваков мотоцикл.

20180522 125246

Главни карактеристики

Стилот на CB125R е уникатен и го следи „Neo Sports Café“ дизајнерскиот јазик на новиот CB1000R. Задниот дел од мотоциклот е минималистички во екстремна смисла . Рамката на CB125R е изработена од челик, а задната вилушка е направена од челична плоча која е неправилно обликувана. Двете работи се дизајнирани за да се создаде поголема ригидност.

41mm USD вилушките кои имаат високи спецификации исто така допринесуваат за подобро управување на CB125R. Предниот, 296mm диск работи заедно со радијален Nissin кој има четири клипа додека пак задниот, 220mm диск има единечен клип. Овој систем со високи спецификации работи заедно со IMU со цел да обезбеди прецизна дистрибуција на ABS сопирачките од предното на задното тркало. На задниот дел има 150/60R-17 радијална гума додека пак напред има 110/70R-17 гума кој исто така е радијална.

20180522 125151

Тенкиот  (23.5mm) и лесен (230g) LCD дисплеј ви обезбедува брзи и прецизни информации и на него можете да видите во која брзина се движите, колкав е бројот на вртежи или пак уште колку гориво имате.Целосните LED светла, во кој се вклучени и индикаторите, само го надополнуваат чувството кое го имате.

Со резервоарот кој собира 10,1 литри можете да поминете 480 километри.

CB125R е достапен во четири бои: Црна, Candy Chromosphere Red, Pearl Metalloid White, Matt Axis Grey Metallic.

20180522 125054

Мотор

Компактниот 124.7cc SOHC мотор кој има два вентили, водено ладење и еден цилиндар е дизајниран за да одговара на реалните услови на патот. Најголемата моќност од 9.8kW доаѓа на 10,000 вртежи во минута додека пак максималниот вртежен момент од 10Nm на 8,000rpm. Издувните гасови излегуваат преку дво компонентен придушувач.

Шест брзинскиот менувач нуди рамномерно забрзување со низок до среден опсег. CB125R може да помине 100 метри за 7.3 секунди.

Back To Top