Италијанската фабрика за рачно изработени мотори го претстави новиот ендуро мотор со зафатнина од 600цц.

Headbanger Saten

Италијанската фабрика за рачно изработени мотори го претстави новиот ендуро мотор со зафатнина од 600цц.

HEADBANGER Motorcycles го претстави „Satèn“, новиот мотор во ендуро стил на Мотошоуто во Верона.

Franciacorta, е италијанската компанија која е специјализирана за производство на рачно изработени мотори и е подржана од компанијата American Big Twins. Целта, како што изјавија од Headbanger, беше да се дизајнира едно цилиндричен, рачно изработен мотор со многу детали на него. Односно мотор кој ќе потсетува на моторите од седумдесетите години.

The Satèn (именуван по убаво локално вино) има мотор од 600cc, со воздушно ладење, карбуратор и едно цилиндричен мотор кој се пали електронски или рачно.  Овој 140 кг. тежок мотор има 17 инчни тркала на кои можат да се стават улични или крос гуми, а има и диск сопирачки напред и одзади.  Други карактеристики на овој мотор се рачно изработеното кожно седиште, алуминиумската опашка и оригинална метална боја.

Од компанијата велат дека новиот мотор е посветен на сите оние кои ги ценат и споделуваат вредностите како едноставност, (под што подразбира да нема електроника, вбризгување на гориво и некаков софтвер) и слобода, музиката од шеесетите и седумдесетите години, и за сите кои копнеат за лесен, пријатен мотор за возење кој е идеален за градска средина како и за на планина.

Цената на Satèn изнесува 9.000 евра.

Back To Top