Мотоцикли

Нов Kawasaki Ninja ZX-6R пристигнува во 2019 година

Ќе има нов Kawasaki Ninja ZX-6R како модел за сезоната 2019, тоа барем можеме да го потврдиме.

Следете нè на:

 

Оваа вест веќе подолго време кружи, а сега имаме и детали кои сакаме да ги споделиме со вас. Прво, да потврдиме, новиот Kawasaki ќе има 636cc и ќе произведува половина од штетните гасови во споредба со неговиот претходик. Од САД ни пристигнуваат и информации дека новиот Ninja ZX-6R ќе добие помала моќност, а поголема тежина.

kavasaki tenda

Големата промена во однос на емисијата на штетни гасови се должи на новиот катализарот, кој за разлика од претходната верзија сега е составен од три дела. Британскиот магазин, „BikeSocial“ вели дека мотоциклот ќе има минимално намалување на моќноста, од 129 на 128 коњски сили. Во меѓувреме, тежината ќе се зголеми од моменталните 194 килограми на 195 килограми. И двете промени се скромни што би можело да значи дека нема да има големи промени ниту кај моторот.

Моделот за сезоната 2019 во споредба со неговиот претходник ќе биде поширок за 2,5 сантиметри, а ќе биде и пократок за 6,5 сантиметри.

Можеме да очекуваме и други промени пред се кај електрониката, но со оглед на информациите со кои располагаме во моментов, тоа не можеме да го потврдиме. Она што можеме да го потврдиме е тоа дека очекуваме Kawasaki Ninja ZX-6R 2019 да дебитира за време на INTERMOT или EICMA саемите за мотоцикли на кои ќе присуствуваме.

Би можело да ве интересира

Макпетрол објави голем попуст на целата своја програма, вклучувајќи ги мотоциклите од Хонда, мото опремата и кацигите.

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.