BMW K1600GT е технолошко чудо. Одличен е за возење но исто така тој е и многу масивен, неговото седиште е доста високо, тежи еден тон и делува навистина застрашувачки.

BMW K1600GT е технолошко чудо. Одличен е за возење но исто така тој е и многу масивен, неговото седиште е доста високо, тежи „еден тон“ (364кг) и делува навистина застрашувачки.

K1600 Bagger го промени сето тоа, додавајќи му стил на мотоциклот без притоа да го уништи возењето. Сепак загуби една работа која K1600GT го прави победник: Просторот за багаж. Новиот Grand America го решава тој проблем. Дали BMW се на пат да имаат навистина добар мотоцикл? Ние мислиме дека е тоа точно.

bmw 1600 1

Како што кажува името, целта на BMW е преку океанот. Американците сакаат големи, моќни мотоцикли. Моделите кои се направени таму не можат технолошки да се носат со  K1600. Во однос на перформансите тој нема никакви промени и го има истиот 1649cc кој може да произведе 158кс. Ова заедно со импресивниот електронски пакет ќе ви обезбеди навистина брзо возење.

Во споредба со стандардниот K1600, Grand America има помал простор за багаж, седиштето е пониско, a поголемото ветробранско стакло ви нуди поголем комфорт. Моделот не загуби ништо од неговите фантастични додатоци и тој се уште ја има електронската суспензија, централното заклучување и контрола на тракцијата.

bmw 1600 1 2

BMW во вистински момент го презентираа нивниот модел со оглед на тоа дека треба да се соочи со новиот Gold Wing. Америка е голем пазар и иако К1600 е докажан модел, Gold Wing е комплетно нов. Само времето ќе покаже кој ќе излезе како победник меѓу овие два модела но сигурни сме дека борбата ќе биде изедначена.

Back To Top