За време на EICMA 2017, Kawasaki објави софистицирана надградба на Ninja ZX-10, односно, моделот доби електронски контролирана суспензија.

Надополнувајќи ги ZX-10R  и ZX-10RR, Ninja ZX-10R SE е нов, високо квалитетен додаток на литарската класа на спортски мотоцикли.

„Благодарение на електронската, полу активна суспензија, мотоциклот нуди ниво на удобност кое прави да заборавите дека возите мотоцикл кој има суспензија подготвена за тркање. Извонредната амортизација прави да се чувствувате сигурно и дополнително ја зголемува леснотијата при возењето.“

zx2 770x578

Иако електронската суспензија веќе постои неколку години кај тркачките мотоцикли и кај поскапите автомобили, Kawasaki е првиот производител кој ваквата опција ја нуди на пазарот за мотоцикли. Таа се состои од „Showa Balance Free Fork “ напред, а позади имате „BFRC Lite shock“  којa има речиси истата конструкција како и тркачката машина на Kawasaki во Светскиот Супербајк шампионат, Ninja ZX-10RR. Покрај ова, вграден е и систем од сензори за удар.

zx4 770x578

„Преку информациите кои се добиваат од сензорите како и податоците од самата машина, како што се забрзувањето и забавувањето, ZX-10R SE ги инкорпорира ECU со „inertia measurement unit (IMU)“ со цел да обезбеди брза реакција и стабилно возење при едно од трите сетизи: улично возење, тркачка патека и мануелни сетинзи“, се наведува во официјалното соопштение на Kawasaki.

Од компанијата тврдат дека системот реагира за неколку милисекунди што ја прави реакцијата на предната и задната суспензија речиси моментална. Ова значи и дека суспензијата постојано се прилагодува во однос на условите на патот.

zx3 770x513

Ninja ZX-10R SE исто така има и специјални алуминиумски „Marchesini “ бандаши, доаѓа во црна мат боја со специјални зелени нијанси и „Kawasaki Quick Shifter“ за подобро спортско возење.

„Ова преставува значителен чекор напред за нас во однос на технологијата за суспензија и сметаме дека овој систем е најсовремен во однос на неговиот дизајн и функционирање,“ изјави Морихиро Икома, директор на Kawasaki за Европа. „Комбинирањето на информации од Светскиот Супербајк шампионат заедно  со оваа технологија ни помогна да создадеме машина која сигурно ќе им се допадне на сите фанови на Ninja ZX-10R.“

Back To Top