Kymco го претстави „Ionex“ електричниот скутер со ветување дека засекогаш ќе го промени начинот на кој патуваме.

Во пресрет на мото шоуто во Токио, Kymco го претстави Ionex електричниот скутер за кој велат дека ги елиминира сите бариери. Но кои се тие бариери? Очигледно има четири: изглед, брзина на полнење, опсег и инфраструктура. Како успеа Kymko да ги совлада сите овие работи? Батерии кои можат да се извадат.

Kymco Ionex scooter

И покрај сите предности кои ги носи електриката, вистината е дека во моментов таа не е премногу популарна. Неколку големи производители, меѓу кои и BMW со моделот C-Evolution се веќе дел од овој пазар, а некои планираат наскоро да се вклучат (Harley-Davidson). Но во моментов никој не се развива на истиот начин како што Tesla го прави тоа со автомобилите. Сепак, од Kymco се надеваат дека токму тие ќе бидат главни на пазарот.  Во текот на следните три години, компанијата планира на пазарот да понуди десет електрични модели, а започнуваат со моделот Ionex.

Kymco Ionex battery change

Клучниот дел кај овој модел е лесната батерија која може да се отстрани. Првиот скутер од серијата ќе има две батерии. Со притискање на едно копче се отвора багажникот во кој е сместена батеријата и слободно ќе можете да ја извадите и наполните. Самата батерија тежи околу 5 килограми па носењето од едно до друго место не би требало да претставува проблем. Со тоа што батеријата се наоѓа на дното на мотоциклот, од Kymco велат дека со тоа скутерот ќе има низок центар на гравитација.

Kymco Ionex battery swap

Заедно со батериите доаѓаат и неколку опции за полнење. Ја имате стандардната верзија кога едноставно можете дома да го наполните мотоциклот или пак да ја извадите батеријата и да ја наполните. Исто така ја имате и „Power Outlet“ опцијата која на возачите им нуди можност да ги заменат празните батерии за полни, а постои и опцијата „Charge Point Network“. Исто така ќе постои опција да изнајмите дополнителна батерија која ќе можете да ја сместите под седиштето.

Kymco Ionex batteries

Делот кој што ги спојува сите овие работи е третата батерија која не може да се отстрани од скутерот.  На овој начин, дури иако едната батерија ви е празна и ја имате оставено на полнење, сепак ќе можете да продолжите да возите. Од компанијата велат дека целата идеја им е возачите да ја остават некаде батеријата да се полни, да ги завршат обврските кои ги имаат и потоа, на пат кон дома, да ја земат батеријата наполнета. Звучи како добра идеја, нели?

Kymco Ionex plug in

Но за целиот овој систем да функционира, потребно е да се обезбеди целокупната инфраструктура пред мотоциклите да се најдат во продажба.  Kymco не е единствената компанија која се обидува да го постигне ова. Тајванската компанија Gogoro веќе неколку години наназад ги продава скутерите „Smart“. Тие работат на сличен принцип и иако имаат голем успех во Тајван, сепак на компанијата и е многу тешко да се пробие на пазарот во Европа.

Kymco Ionex storage

Од таму велат дека планираат да имаат мрежа за полнење на мотоциклите распространета во повеќе од 20 земји. Во моментов, немаме никакви информации во однос на перформансите, тежината, опсегот, цената како и кога ќе можеме да ги очекуваме скутерите на пазарот во Македонија.

Back To Top