Конечно пристигнаа! КТМ ги претстави првите двотактни мотоцикли со директно вбризгување на горивото кои имаат EXC TPI (Transfer Port Injection)

Претстојните KTM 250 EXC TPI и 300 EXC TP ендуро модели се опремени со ново дизајниран систем за инјектирање на гориво кој пак е уникатен во двотактната мото класата.

ktm introduces words first fuel injected 2 stroke enduro bikes 117848 1

„Нашата цел беше да создадеме двотактен Ендуро мотоцикл кој нема да биде премногу комплициран. Во исто време сакаме да ја задржиме и класичната машина но таа да ги има сите предности од вбризгувањето на гориво,“ изјави Јоаким Сауер, продукт менаџер.

Патентираниот EFI систем користи два инјектори кои одат директно во отворите на цилиндарот. Тие овозможуваат моторот да работи многу подобро, а притоа ја намалуваат и потрошувачката на гориво. За овие модели исто така се создадени и серија на нови компоненти, вклучувајќи нова рачка за гас, EMS (Engine Management System) кој користи нов ECU (Electronic Control Unit) кој па е поврзан со голем број на сензори. Исто така има и нов цилиндар, воздушна кутија, пумпа за масло, резервоар како и променета челична рамка.

ktm introduces words first fuel injected 2 stroke enduro bikes 2

Како додаток на комплетно новата технологија, оваа машина има и стандарден Е – стартувач, екстра лесна литиумска батерија, Brembo сопирачки, хидраулично квачило, високо квалитетна VP суспензија и уште многу други работи.

Овој мотоцикл ќе биде достапен во Европа од јуни оваа година. За да ја дознаете неговата цена и дали ќе биде достапен во вашата земја, контактирајте со КТМ.

Back To Top