Можеби ви изгледа дека Kawasaki Z1000SX 2017 има само скромни подобрувања. Од компанијата велат дека овој мотоцикл има прилагодливо ветробранско стакло, LED светла и променет изглед на седиштето на возачот и сопатникот.

Можеби ви изгледа дека Kawasaki Z1000SX 2017 има само скромни подобрувања. Од компанијата велат дека овој мотоцикл има прилагодливо ветробранско стакло, LED светла и променет изглед на седиштето на возачот и сопатникот.

2017 Kawasaki Z1000SX 01

Но она што го прави овој мотоцикл различен од останатите е фактот дека тој има внатрешна единица за мерење која има шест оски (IMU).

Оваа единица е поврзана со сопирачките, контролата на тракцијата и моделите на возење и му дава поголемо ниво на софистицираност на овој популарен спортски мотоцикл.

Ова е важно заради тоа што докажува дека „IMU“ (inertial measurement unit) не е повеќе резервирано само за супербајк моделите.

Некои од овие работи се направени благодарение на системот Bosch MSC, но тој е само дел од целата равенка.

2017 Kawasaki Z1000SX 02

За целосно да се искористат предностите на оваа технологија, IMU мора да се имплементира не само на системот за сопирање туку и на други делови и да им даде можност на сите различни системи на мотоциклот пристап до она што може IMU да го понуди.

Очекувајте наскоро и другите компании да почнат да го применуваат, а исто така очекувајте ја инашата средба одблиску со овој модел на саемот ЕИЦМА во Милано следниот месец.

Back To Top