Kawasaki остави силен впечаток на мото шоуто кое се оддржа во Токио откако дебитираше со новиот Z900RS стандард. Работата е едноставна, го земате квалитетниот Kawasaki Z900 уличен мотоцикл и му давате ретро стил.

Kawasaki остави силен впечаток на мото шоуто кое се оддржа во Токио откако дебитираше со новиот Z900RS стандард. Работата е едноставна, го земате квалитетниот Kawasaki Z900 уличен мотоцикл и му давате ретро стил.

eicma 2017 1 89

Конечниот резултат е нешто што изгледа на постар Kawasaki Zephyr но опремен со нови сопирачки, суспензија и контрола на тракцијата. Сега гледаме дека Kawasaki веќе планира и да ја прошири линијата откако дебитираше и Kawasaki Ninja Z900RS Cafe 2018.

Овој мотоцикл е одличен за оние возачи кои го сакаат изгледот на постарите мотоцикли но кои работат како сосема нова машина. А главните карактеристики на 2018 Kawasaki Ninja Z900RS Cafe не се премногу далеку од моделот од кој што потекнува. Развива 110кс (Z900 има 125кс) и мотор со зафатина од 948cc. Kawasaki Ninja Z900RS Cafe тежи 215 килограми. Тој има LED светла, а контролата на тракцијата има само два сетинга.

Предните сопирачки се 300mm дискови споени со радијални клипови и радијален цилиндар. Вилушките од 41mm се целосно прилагодливи, а и задниот амортизер може да се прилагоди. Се уште не се знае која ќе биде цената во Македонија и кога ќе биде достапен но сигурни сме дека Динамикс нема да ја пропуштат шансата да го понудат и овој атрактивен модел.

Back To Top