Од Polaris Industries велат дека работат на нов електричен мотоцикл кој ќе го замени моделот Victory Empulse TT, кој престана со производство на почетокот на годинава.

Од Polaris Industries велат дека работат на нов електричен мотоцикл кој ќе го замени моделот Victory Empulse TT, кој престана со производство на почетокот на годинава.

indian motorcycles logo

Според Reuters, новиот електричен мотоцикл ќе биде пуштен во продажба под брендот Indian Motorcycle и ќе биде наменет за сите оние возачи кои уживаат во возењето.

Според досегашните информации, Polaris таргетира опсег од 190 до 220 километри, речиси двојно повеќе од она што го имаше Empulse TT.

„Карактеристиките на овој мотоцикл ќе овозможат поголемо задоволство кај оние возачи кои уживаат во возењето,“ изјави Стив Менето, директор во Polaris.

Се чини дека електричниот мотоцикл се уште е во рана фаза на развој и се претпоставува дека ќе поминат најмалку четири до пет години пред тој да се најде во производство.

Од Polaris се надеваат до тогаш батериите ќе станат многу поиздржливи и ќе овозможат поминување на многу повеќе километри.

Секако до тогаш и останатите компании кои произведуваат електрични мотоцикли дополнително ќе се развијат.

Back To Top