Мотоцикли

Honda TRX500FM6

Како единствениот ATV на пазарот кој има мануелен менувач и IRS, TRX500FM6 ни нуди неверојатна комбинација на квалитети кои обезбедуваат одлична контрола и голема сигурност.

Следете нè на:

 

Вовед

Овој модел, покрај тоа што има мануелен менувач и агресивен изглед, го има и легендарниот мотор од 475cc со директно вбризгување, нова шасија како и независна задна суспензија. Нуди одличен комфор при возење, добра суспензија како и електрично управување. Сите овие работи го прават неверојатно забавен.

Легендарниот мотор кој можеме да го најдеме кај Honda 500 класата е подобрен и сега има поголема моќност.

DSC 0094

Мотор

Како надополнување на Programmed Fuel Injection системот на Honda, имаме подобра реакција на гаста, подобар пренос на моќноста, а исто така е подобрена и потрошувачката на гориво. TraxLok® 2WD/4WD системот на Honda нуди 2WD, 4WD и 4WD режими со цел подобра тракција.

Новата предна суспензија има 185mm додека пак двојната, задна, суспензија нуди подобра амортизација.

Тие можат да се прилагодат во зависност од условите во кои возите како и вкупната тежина. Напред има 190mm двојни хидраулични дискови а позади 170mm хидраулични диск сопирачки.

View the embedded image gallery online at:
http://motori.mk/motocikli/honda-trx500fm6#sigProId8766d3b63b

Останати карактеристики

Просторот за багаж сега е поголем и обезбедува простор за складирање на опрема во тежина од 45 кг напред и 85 кг позади. Седиштето е потенко и помеко со цел подобра комоција додека возите. На новиот дигитален екран ќе можете да видите кога е време да го однесете мотоциклот на редовен сервис.

Безбедност

Се препорачува за возачи кои се постари од 16 години. Од Honda препорачуваат сите возачи на вакви модели да поминат специјална обука и внимателно да го прочитаат упатстото кое доаѓа заедно со мотоциклот.

Цена

Во Хонда салонот на Макпетрол овој модел може да се купи по цена од 9.190 евра

Би можело да ве интересира

Станува збор за програма за изнајмување на мотоцикли која ќе биде достапна на сите продажни места на BMW.

„Можеби некои од шефовите во Yamaha ќе го погледнат бројот на порази и ќе прашаат зошто е тоа така“, Валентино Роси

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!