За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Најновиот Cub модел ја означува 60 годишнината од првото појавување на пазарот на ова познато име. Тој има сличен изглед како и оригиналниот модел, но опремен е со модерна технологија како што се LED светлата и Smart Key системот.

honda cub

Користејќи полуавтоматски 125cc мотор кој е сместен во шасија која има долга суспензија, ова би можело да биде идеален скутер за возење низ град.

Во 60 годишната историја на овој модел, досега се направени повеќе од 100 милиони примероци од овој скутер.

„Знаеме дека нашите потрошувачи, без разлика дали станува збор за мажи или жени, внимаваат на својот изглед и затоа сакаме новиот Super Cub C125 да го збогати нивниот животен стил,“ изјави Тадамаса Маеда, лидер на проектот.

„Ова е безвременски дизајн кој ја претставува вредноста и универзалноста. А сега додадовме и подобри перформанси како и подобри можности на шасијата.“

„Исто како и со првиот модел, најголемо задоволство ни претставува кога ќе го збогатиме животот на луѓето и кога ќе ставиме голема насмевка на нивното лице.“

Back To Top