Популарниот мини мотоцикл доби поинаков изглед за оваа сезона

Honda само што објави нови информации за моделот MSX125. Во новата сезона тој има малку поинакви шари и нов издувен вентил. Од Honda велат дека сега мотоциклот изгледа како „mini-streetfighter“.  Можеби малку претеруваат, но 2016 MSX125 дефинитивно има поинаков стил благодарение на променетиот преден дел. Тој сега има странични панели кои се интегрирани на резервоарот за гориво и кои на мотоциклот му даваат малку поостар изглед.

71265 16YM MSX125

Новите предни LED светла исто така го надополнуваат изгледот на мотоциклот.

Меѓу останатите промени се и пократкиот издув, задни LED светла како и повисоко седиште. Тој е достапен во четири бои: Matt Axis Grey Metallic, Pearl Himalayas White, Pearl Valentine Red како и Lemon Ice Yellow. Во продажба ќе се најде наскоро, а цената во Македонија ќе биде 3390 евра.

Back To Top