Ова што го гледате е мотор со зафатнина од 400 см³ и водено ладење кој е направен врз основа на моторот на CBR500R/CB500F/CB500X кој има зафатнина од 470 см³.

нов мотор од Хонда

Ова што го гледате е мотор со зафатнина од 400 см³ и водено ладење кој е направен врз основа на моторот на CBR500R/CB500F/CB500X кој има зафатнина од 470 см³.

Овој мотор се развива за пазарите во Југоисточна Азија каде дозволите за возење моторцикли се издаваат постепено, според зафатнината на моторот. 

Моторот кој беше претставен пред Јапонските медиуми денеска, визуелно е многу сличен со моторот од 500 см³. Според тоа се чини разумно е да се претпостави дека моторот од 400 см³ ќе го имитира оној од 500 см³, исти мотори и помал капацитет за да можат да се лиценцираат.

Претставен минатата година, моторот од 500 см³ развива 47 кс, не е огромен, но сепак е голем како CBR250.  Тоа значи дека има добри перформански, лесен е за користење и има ниска цена (почетна цена на CB500 е само 5500 евра). Исто така разумно е да се претпостави дека моторот од 400 см³ ќе има пропорционално пониски перформансни бројки, додека пак од Хонда изјавуваат дека акцентот ќе биде ставен на линеарна крива на забрзување.

8426544064 d250f3a019 o

Во другите делови од светот дозволите за возење мотор се даваат врз основа на повеќе нивоа и  во зависност од годините и искуството во возење мотор. Тоа создава пазар за машини со друг капацитет и кои не би успеале на пазарот во Европа. Како такви, мала е веројатноста дека такви машини ќе бидат увезени кај нас, но никогаш не се знае. За нашите читатели мотор со зафатнина од 400 см³ е важен во голема мера поради тоа што Хонда своето внимание го насочува кон практични, привлечни и мотори со прифатлива цена наменети за новата генерација на возачи. Сигурно ќе има уште новости во таа насока.

Back To Top